Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот

Од:

Најдобриот фудбалер на Интер Мајами, Лионел Меси истакна дека тимот од Флорида значително се подобрил со доаѓањето на Херардо Мартино за главен тренер и дека сега може да атакуваат на трофејот во Лига купот.

– Тоа би било неверојатно за навивачите и самиот клуб. Иако за луѓето кои не нè гледаат како тренираме секој ден, тоа што сме во финалето беше изненадување. Треба да се бориме за оваа титула бидејќи знаеме дека можеме да го направиме тоа. Тимот порасна многу, особено со доаѓањето на Мартино. И ние сме среќни што стигнавме до нашата прва цел – пласман во Купот на шампионите во КОНКАКАФ. Сега можеме да играме во финалето, го цитира Меси „ESPN“.

Во решавачкиот меч за трофејот, кој ќе се одигра ноќта меѓу 19 и 20 август, Интер Мајами ќе се сретне со Нешвил.

Меси летово како слободен играч се пресели во Интер Мајами. Договорот на 36-годишниот фудбалер со тимот од МЛС е до крајот на декември 2025 година. Оваа сезона одигра шест натпревари за американскиот клуб, постигна девет гола и една асистенција.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси официјално беше претставен во Интер од Мајами