Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Од:

Интер Мајами на Лионел Меси и Ал Наср на Кристијано Роналдо ќе се сретнат во февруари во Саудиска Арабија, во еден од последните, ако не и последен, дуел на двајца од најдобрите фудбалери на 21 век.

Интер беше поканет да учествува на традиционалниот Куп на Ријад, турнир со три клуба, со саудиските клубови Ал Наср и Ал Хилал.

Точните датуми на натпреварите не се прецизирани.

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се сретнале 37 пати, од кои 30 пати во шпанскиот „класик“, кога Аргентинецот играше во Барселона, а Португалецот во Реал Мадрид.

Според фудбалските статистичари, Меси победил 17, а Роналдо 11 пати, a девет натпревари завршиле нерешено.

Последен пат двајцата се сретнаа на 19 јануари 2023 година во Ријад на пријателски натпревар помеѓу Пари Сен Жермен и најдобрите играчи на Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

По болниот крај на сезоната, Роналдо ги полни батериите за европското на егзотична дестинација

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ