„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Од:

Фудбалерот на Интер Мајами и аргентински репрезентативец Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на њујоршкиот магазин „Тајм“, пренесува Ројтерс.

Меси во летниот преоден рок пристигна во Интер од Пари Сен Жермен. На крајот на октомври ја доби Златната топка за најдобар играч на годината, која ја доделува магазинот Франс Фудбал.

На Светското првенство во Катар 2022 година, Меси ја освои титулата светски шампион, предводејќи ја репрезентацијата на Аргентина како капитен.

Меси успеа да го направи она што некогаш изгледаше невозможно – САД ги претвори во фудбалска земја“, се вели меѓу другото во објаснувањето на „Тајм“, пренесува Ројтерс.

За Интер оваа година одигра 14 натпревари и постигна 11 голови.

Аргентинскиот фудбалер годинава со Интер го освои Лига купот Конкакаф, но со клубот од Мајами не успеа да се пласира во плејофот на МЛС.

Тајм го прогласи бејзбол играчот Арон Џаџ за спортист на годината за 2022 година.

Пред него ова признание го добија гимнастичарката Симон Билс (2021), кошаркарот Леброн Џејмс (2020) и женската фудбалска репрезентација на Америка (2019).

Би можело да ве интересира

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот

Меси официјално беше претставен во Интер од Мајами