Грабул се проби на 706.место на АТП листата

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул го има најдобриот ранг во својата кариера и се наоѓа на 706.место на АТП листата.

На новото рангирање му беа впишани 18-те поени добиени за победата на фјучрсот во Белгија минатата недела и има скок од 293 позиции.

Грабул сега има 27 поени.

Од другите македонски тенисери Томислав Јотовски е на 1.065 место со 8 поени, Шендрит Деари (1.387 место), Данил Зеленков (1.854 место) и Стефан Мицов (1.926 место).

На врвот во ТОП 10 нема промени. Редоследот е: Новак Ѓоковиќ, Енди Мареј, Давид Ферер, Рафаел Надал, Рожер Федерер, Томаш Бердих, Хуан Мартин Дел Потро, Жо – Вилфред Цонга, Ришар Гаске и Станислав Вавринка.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ