Грабул елиминиран во првото коло

Од:

Македонскиот тенисер Димитар Грабул не успеа да ја мине првата пречка на фјучрс турнирот во Грас, Франција, што се игра за награден фонд од 15 илјади долари.

Денеска во меч од првото коло најдобриот македонски тенисер Грабул загуби од Французинот Жулиен Обри со 2:1 во сетови.

Првиот сет со 6:0 во гемови му припадна на домашниот тенисер, а потоа во вториот, Грабул беше подобар со 7:6, добивајќи го тај-брекот со 9:7 на поени. Во решавачкиот сет Обри беше поуспешен со 6:3 во гемови.

Францускиот тенисер е рангиран како седми носител на турнирот, а го освои претходниот фјучрс што заврши во неделата во Анже.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ