Ѓорческа во полуфиналето во Русе

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во полуфиналето на фјучрс турнирот во Русе. Таа денеска во четвртфиналето во поединечна конкуренција ја победи Михаела Боев од Белгија со 6:0 и 7:6 (7:5) во сетови.

Во текот на целиот меч нашата тенисерка имаше контрола над сервисот и противничката имаше само една брејк топка, која ја искористи, додека Ѓорческа имаше четири брејка од шест можности.

Во полуфиналето утре Ѓорческа ќе игра против првата носителка на турнирот домашната тенисерка Изабела Шиникова (Бугарија). Шиникова има 21.година и се наоѓа на 376.место на ВТА листата. Во игра на двојки Ѓорческа заедно со Романката Камелија Елена Христеа загубија во финалето од Ирина Марија Бара (Романија) и Ева Вакано (Холандија) со 6:1 и 6:2 во сетови.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ