Ѓорческа со две победи на фјучрсот во Белград

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во 2.коло на фјучрс турнирот во Белград. Нашата тенисерка ја совлада Милица Степановиќ од Србија со 6:1 во двата сета.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со победничката од дуелот Марина Лазиќ (Србија) и Ингрид-Александра Раду (Романија).

Ѓорческа е рангирана како седма носителка на турнирот.

Таа во игра на двојки заедно со Романката Камелија-Елена Кристеа ги победија Валентини Граматикопуло од Грција и Сара Митровиќ од Србија со 6:0 и 6:1 во сетови.

Денеска заврши настапот и на втората македонска тенисерка на овој турнир. Магдалена Стоилковска и Калеми Шели од Франција загубија од четвртите носителки Ема Микулиќ од Хрватска и Дејана Раичковиќ од Германија со 6:3 и 6:1 во сетови.

Стоилковска во квалификациите стигна до 3. коло каде беше елиминирана од Елизабета Бауер од Србија.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари