Ѓорческа ги одработува последните подготовки пред Вимблдон

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа изминатите денови интензивно се подготвува за настап во квалификациите на Вимблдон, третиот Грен слем турнир во календарската година.

– Првпат ќе настапам на Вимблдон, а воедно и за првпат ќе играм на турнир со тревната подлога. Се надевам дека условите нема да ми бидат пречка. По таа причина и порано ќе заминам за Лондон, да имам време 4-5 дена да се прилагодам на подлогата, изјави Ѓорческа.

Тренерот Димитар Лабудовиќ за настапот на Ѓорческа на Вимблдон истакна:

– Сезоната на турнири на трева е куса. Кај нас нема таква подлога, па Лина мора да се прилагодува и да тренира на тврда подлога и се надевам дека брзо ќе се адаптира.

Македонката последните месеци настапите на фјучрс турнирите од ланската година ги замени со настапи на ВТА турнири. Изминативе денови таа тренираше заедно и со Томислав Јотовски, кој исто така се подготвува во Скопје на терените на „Тенис парк“ за настапите кои го очекуваат.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ