Ѓоковиќ официјално го откажа настапот на Индијан Велс

Од:

Ден откако српските медиуми го најавија како многу веројатно, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска и официјално го откажа настапот на турнирот од серијата Мастерс 1000 во Индијан Велс.

– Жалам што нема да можам да настапам и да ги видам своите навивачи во Индијан Велс, моето омилено место. Се надевам дека ќе се видиме догодина, напиша Ѓоковиќ на својот Твитер профил.

Повеќе српски медиуми вчера го навестија ваквиот епилог, наведувајќи дека Ѓоковиќ се наоѓа во Белград, и од сè уште непознати причини, не тренира.

По официјалната објава од Ѓоковиќ, се огласи и Томи Хас, поранешниот успешен тенисер, а денес директор на турнирот во Индијан Велс.

– Разочарани сме поради тоа што Ѓоковиќ нема да биде со нас оваа есен. Но, се надеваме дека ќе се видиме идната година, изјави Хас.

Индијан Велс традиционално се одржува во воведниот дел од сезоната, но годинава поради пандемијата на коронавирус беше поместен за втората половина од 2021 и ќе се одржи од 7 до 17 октомври.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец