Ѓоковиќ: Не ја разбирам публиката во Мадрид

Од:

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ неочекувано рано го заврши настапот на Местерсот во Мадрид во второто коло, а покрај поразот тој во Шпанија мораше да се „бори“ и со публиката.

Ѓоковиќ загуби од Григор Димитров во три сета, а публиката во текот на целиот натпревар го исвиркуваше Србинот.

-Во првиот сет кога и да погледнев каде падна топчето, ми свиреа. Не ја гледам причината за тоа, ништо лошо не направив-изјави Ѓоковиќ.

Публиката беше незадоволна и кога Србинот побара медицинска пауза.

-До сабота не знаев дали ќе играм поради повредениот зглоб. Ништо не се случи кога се лизнав, но бев добро заштитен, тоа е единствената добра работа, што не ја влошив повредата пред Рим и Париз. Не се подготвив добро, не барам оправдување, беше подобар играч и му честитам-нагласи првиот светски тенисер.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари