Ѓоковиќ: Надал е секогаш фаворит во Париз

Од:

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, на своето прво обраќање оваа година во Париз, рече дека Рафаел Надал е фаворит на Ролан Гарос.

„Моето размислување е секогаш позитивно и секогаш од себе очекувам многу. Зад себе ја имам најдобрата година и пол во кариерата. Верувам дека сум на врвот од кариерата во овој момент.

– Таа самодоверба сакам да ја искористам за да направам добар резултат на Ролан Гарос. Но, за мене Рафа е секогаш фаворит на овој турнир. Дури и минатата година беше. Тој за мене е секогаш фаворит број еден, затоа што едноставно е тоа што е, на земјена подлога. Тој е најуспешниот тенисер во историјата на оваа подлога. Во финалето во Рим играше добро. Од него секогаш можете да очекувате дека ќе игра најдобро во завршните турнири“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер освои четири од последни пет Грен Слемови, и ако го освои турнирот во Париз, ќе стане трет тенисер кој ги освоил четирите најголеми турнири по ред.

„Освојување на четири Грен Слемови по ред би ми значело многу, но не сум размислувал премногу за тоа, затоа што не сакам да си создавам притисок“, додаде Ноле.

 

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари