Ѓоковиќ лесно преку Зверев до финалето во Шангај

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ убедливо го совлада Германецот Александар Зверев со 6:2, 6:1 и избори пласман во финалето на Мастерс во Шангај, Кина.

Србинот до триумфот денеска стигна за само еден час.

По овој триумф, Ѓоковиќ ќе се искачи на второто место на АТП листата пред Роџер Федерер, а зад Рафаел Надал.

Доколку Ѓоковиќ го собори рекордот и го освои својот 32. Мастерс трофеј (четврти во Шангај), ќе му се доближи на Надал на само 35 поени.

Мастерсот во Шангај се игра за награден фонд од 7 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана