Ѓоковиќ: Ќе мора добро да размислам како да се подготвам следната сезона за Индијан Велс и Мајами

Од:

Втора година по ред српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ доживува рана елиминација на првите два годинашни Мастерси, во Индијан Велс и во Мајами.

-Не е прв пат рано да загубам на првите два турнира од Мастерс серијата. Ова се случува последните две сезони, така што ќе мора да поразмислам како да се подготвам за следните сезони, изјави Ѓоковиќ.

Првиот светски рекет синоќа беше поразен од Роберто Баутиста-Агут во осминафиналето во мајами и покрај тоа што првиот сет го доби со убедливи 6:1.

-Не смеев да загубам ваков меч. Противникот е добар играч и кога не искористив многу шанси, тој ме казни и заслужено оди во четвртфиналето, додаде Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана