Ѓоковиќ ја намали разликата со Федерер

Од:

Новак Ѓоковиќ ја намали предноста на Роџер Федерер на само 195 бодови на најновата АТП, која е објавена во понеделник.

Ѓоковиќ, во неделата, по голема борба го совлада Енди Мари, во финалето на Мастерсот во Шангај. Токму Мари, во Шангај во полуфиналето го елиминира Федерер, Британецот е трет на светот пред Рафаел Надал, кој веќе четири месеци не игра поради повреда.

Сонародникот на Надал, Давид Ферер се наоѓа на петтото место, додека шести е Томаш Бердих, кој благодарение на пласманот во полуфиналето во Шангај, го мина Жо-Вилфред Цонга.

Осми играч на светот е Хуан Мартин дел Потро, а Топ 10 завршува со Јанко Типсаревиќ и Хуан Монако.

Тениската елита до крајот на сезоната ќе игра на турнирите во Базел, Париз и Лондон, каде титулите ќе ги брани Роџер Федерер.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари