Ѓоковиќ и Надал пречекани во Казахстан со цвеќиња

Од:

Најдобрите тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, денеска ќе одиграат егзибициски натпревар во главниот град на Казахстан, а на аеродромот во Нур Султан, беа топло пречекани со цвеќиња.

И Рафа и Новак добија букети, а нивниот меч во „Барис арената“ во градот кој до пред некој месец се викаше Астана, ќе го гледаат 11.578 љубители на тенисот.

Шпанецот правеше свадба изминатиот викенд, па ова ќе му биде прв натпревар во кариерата како сопруг и оженет човек. Ѓоковиќ в понеделник ќе му го препушти првото место на Надал на АТП листата, а на Мастерсот во Лондон ќе се одлучи кој од нив двајца ќе ја заврши годината како „светски рекет број еден“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ