Најдобриот српски тенисер е воодушевен.
Аргентина ја совлада Франција во едно од најдраматичните мундијалски финалиња, по изведување на пенали (2:2 по 90 минути, 3:3 по продолженија). Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство. Тој им честиташе на финалистите Аргентина и Франција за успешниот турнир.
View this post on Instagram
„Му честитам на Катар за успешната организација на Светското првенство. Беше чест и привилегија да присуствувам на ова финале. Дефинитивно еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал. Ви благодариме за ова спектакуларно искуство. Им честитам на Аргентина за трофејот и на Франција на големиот турнир“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм.