„Ѓоковиќ доаѓа од нецивилизиранa земја, има коцкаста глава, кукаст нос и црна коса“

Од:

Холандскиот весник „Trouv“, поточно новинарката Никол Лукас, „прописно“ го оцрни името на тенисерот Новак Ѓоковиќ во еден свој текст.

Темата на текстот е ривалството помеѓу Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ, а Новак е преставен како негативниот тип кој „доаѓа од нецивилизиранa земја, има коцкаста глава, кукаст нос и црна коса и личи на мршојадец“. Исто така, се наведува дека Ѓоковиќ секогаш ќе биде зад Федерер и Надал во собирањето на пари од спонзорства, само затоа што премногу го истакнува своето потекло.

Нагласениот патриотизмот на Новак таа го претворила во негативна особина, и така го искривила сето тоа што е многу тешко некој кој ги следи спортските успеси на некоја личност да се обиде толку длабоко да го оценува неговиот карактер.
Негова тотална спортивност е Федерер, кој играл како човек кој без многу емоции минува низ неверојатните „перформанси“, без нити мала доза на национализам.

За Федерер автороката смета дека „речиси и да нема националност“, а тоа е „последното нешто што може да се каже и за Ѓоковиќ.“

Тука се и најинтересните делови од текстот:

„Приказната за Ѓоковиќ е приказна за неговото потекло, од земја со лоша репутација, која во голема мера влијаела на неговиот карактер. Новак имал 12 години, во време кога НАТО ја бомбардираше Србија, а подоцна бомбардирањето зазема и важно место во неговиот живот и кариера“.

„Војната направи од мене подобар човек, бидејќи научив да ценам некои работи, а не да земам здраво за готово. Тоа ме направи подобар тенисер, затоа што се заколнав дека ќе му покажам на светот дека постојат добри Срби“, ја цитира новинарката изјавата на Новак за се што преживеал од 1999. година.

„Ѓоковиќ и Ана Ивановиќ можеби беа жртви на бомбардирањето на НАТО, но за тоа главен виновник е Србија, затоа што спроведе етничко чистење во Косово. Поради сето тоа западните медиуми го гледаат Ѓоковиќ, на еден поинаков начин“, тврди новинарката.

„Тој доаѓа од нецивилизиран дел од светот, неговите родители и фановите не ги знаат правилата за однесување во теренот за тенис, туку сите тие личат на навивачи за фудбал. Фотографиите каде што најчесто се преставува неговата победа најчесто се со стиснати тупаници и гримаси. Сето тоа е ужасно грдо и агресивно“.

Во текстот се наведува и мислењето на еден психијатар кој тврди дека Ѓоковиќ започнал да се занимава со тенис, само поради неговата желба за доминација.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари