Германија европски шампион во фудбал за жени

Од:

Женската фудбалска репрезентација на Германија ја одбрани титулата европски првак, откако попладенво во финалето на Европското првенство што се играше во Стокхолм ја победи Норвешка со 1:0.

Стрелец на голот вреден шампионски трофеј беше Ања Митаг во 49.минута.

Репрезентацијата на Норвешка имаше две шанси – два пенала, но голманката на Германија Надине Ангерер ги одбрани ударите на Трине Ронинг (27.минута) и на Солвеиг Гулбрансен (60.минута).

За Германија ова беше осма титула европски шампион, Норвешка има две титули, а Шведска една.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ