Фулам го потврди доаѓањето на мексиканскиот репрезентативец, Раул Хименез

Од:

32-годишниот напаѓач доаѓа од Вулверхемптон, кој има право на отштета од 6.400.000 евра. Искусниот голгетер потпиша договор со раководството на лондонскиот тим до летото 2025 година со опција за дополнителна сезона.

„Навистина ми е важно што дојдов овде. Ќе се обидам да дадам се од себе за тимот, еден од најпознатите тимови во Премиер лигата. Среќен сум што сум тука и што играм на овој стадион, тоа е навистина добар стадион, ми се допаѓа овде. Ќе дадам се од себе за да продолжам да постигнувам голови во Премиер лигата“, изјави Хименез.

Фулам на тој начин најде „замена“ за српскиот напаѓач – Александар Митровиќ, кој наскоро заминува во Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ