France Football: Роналдо најплатен фудбалер

Од:

Португалецот Крисијано Роналдо е фудбалерот кој што заработува најмногу со годишен приход од 87,5 милиони евра, според францускиот магазин France Football.

Во вкупните 87,5 милиони евра на Роналдо се вклучени годишната плата во Реал Мадрид, бонусите и приходите од реклами и спонозори.

На второто место се наоѓа Аргентинецот Лионел Меси, кој што заработил 76,5 милиони евра.

Соиграчот на Меси од Барселона, Нејмар е трет со 55,5 милиони евра, Герет Бејл е на четвртата позиција со 41 милион, додека петти е Аргентинецот Лавеци кој што настапува за кинескиот тим Хебеи Фортјун со 28,5 милиони евра.

Најплатен тренер е Жозе Мурињо со 28 милиони евра, пред селекторот на Кина Марчело Липи со 23,5 милиони. Потоа следуваат Лорент Блан со 20 милиони, тренерот на Баерн Карло Анчелоти со 15,8 и тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола со 14,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето