Fox Sports објави дека Меси е мртов

Од:

Јужноамериканскиот огранок на Fox Sports синоќа на својата страница на социјалната мрежа Твитер објави дека Лионел Меси починал на тренинг.

Тоа секако не е вистина, Аргентинецот е жив и здрав, но таа вест ја виделе околу половина милион луѓе, па се прошири на интернет.

„Имаме лоша вест, Лионел Меси почина на тренинг од срцев удар на тренинг“, гласеше пораката.

Неколку моменти подоцна пораката е избришана, а Fox Sports објави извинување.

Меси моментално е во Аргентина каде што тренира со националниот тим пред саботниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2014. година против Еквадор.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ