„Forbs“: Федерер е најплатениот тенисер

Од:

Американското списание „Forbs“, пред почетокот на US Open објави листа на најплатени светски тенисери, на која убедливо води Швајцарецот Роџер Федерер.

Веднаш по него се Рафаел Надал, Марија Шарапова и Новак Ѓоковиќ.

Федерер заработува околу 55 милиони долари годишно, но наградите од турнирите се само 20% од неговите приходи. Скоро 45 милиони долари тој добива од спонзорските договори со Најк, Жилет, Ролекс.

Надал е втор на листата со заработка од 32 милиони, Шарапова по него со 27 милиони долари.

Србинот Новак Ѓоковиќ е единствениот во Топ 10, кој повеќе заработува од пласманите на турнирите отколку од спонзорските договори – 10.3 милиони наспроти 9.5 милиони долари од реклама.

Во првите десет се и Серена Вилијамс, Каролина Возњацки, Енди Мареј, Викторија Азаренка и Енди Родик.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ