ФИФА размислува дозволување четврта измена

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја разгледува опцијата да дозволи четврта измена на фудбалските натпревари на кои се играат дополнителни 30 минути.

– Тоа е добра идеја. Често гледаме како играчите во продолженијата се мачат со грчеви, а во некои случаи играат и повредени поради веќе искористеното право на три замени. Резервните играчи внесуваат свежина, а скоро една четвртина од головите на Мундијалот во Бразил беа постигнати во последните 15 минути, изјави Жерар Улие, член на Техничката студиска група при ФИФА.

Ваков предлог имаше и порано, но тогаш не доби зелено светло до ФИФА.

На Светското првенство кое е во тек во Бразил на дури пет од осумте натпревари во 1/8финалната фаза се играа продолженија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ