ФИБА ги смени термините за квалификациските натпревари

Од:

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) ги промени термините за Мундијалските квалификации во ноември и февруари. Спорни беа таканаречените „прозорци“ и неможноста играчите од НБА и од Евролигата да бидат со национални тимови.

Предлози дава и ФИБА и Евролигата, а на крајот на септември состанок имаа генералниот секретар на ФИБА Патрик Бауман и претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу.

Извршниот комитет на ФИБА одлучи квалификациските натпревари во ноември 2017 и февруари 2018 д аги премести од четврток во петок. Ова решение, според ФИБА, им овозможува на клубовите на Евролигата да се натпреваруваат со најдобрите играчи и да им дадат на истите кошаркари можност да играат за националните тимови.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот