Фетел за игнорирањето на тимските наредби на Леклер: Не сум изненаден

Од:

Себастијан Фетел изјави дека разбира зошто Шарл Леклер одлучил да ја игнорира тимската наредба во Бахреин и да го претекне.

„Скудерија“ интервенираше во двете претходни трки со истата команда – Леклер да остане зад Фетел. Во Австралија, Шарл послуша, но во Бахреин тој не го стори тоа. Како резултат, младиот пилот се качи на подиумот, и само техничкиот проблем во болидот го лиши од првата победа во кариерата.

– Не сум изненаден. Јасно е дека тој беше побрз во овој момент. На следниот правец можев да го поминам, но проценив дека ќе ме чини многу време, а него исто така, изјави Германецот.

Од своја страна, Леклер повтори дека видел можност и ја искористил.

– Во Австралија покажав дека интересите на тимот се најважни, но во конкретната ситуација во Бахреин имав доста голема предност. Не размислував да го намалам темпото и едноставно да стојам позади, објасни Шарл.

Младиот Французин исто така сподели дека во секој тим тимските колеги се обидуваат да се победат еден со друг. Во овој поглед, двајцата пронашле добра рамнотежа да се натпреваруваат на патеката, но да работат заедно надвор однеа.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Шарл Леклер до пол – позиција на Монца

Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран

Лекер и Ферари триумфално влегоа во новата Формула 1 сезона

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он