Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран

Од:

Шефот на Ферари, Матија Биното тврди дека неговиот тим ги направил вистинските одлуки на Британското ГП, и покрај тоа што Шарл Леклер призна дека е разочаран откако загуби шанса за подиум и можна победа бидејќи не го повикаа во бокс при излегувањето на безбедносното возило во финишот на трката.

Возачот од Монако беше лидер кога на патеката излезе безбедносното возило по сопирањето боидот на Алпине на Естебан Окон, и при излегувањето на безбедносното возило, Карлос Саинс влезе во боксот, како и другите болиди во топ 4. Леклер, пак, не беше повикан во боксот и потоа при рестартот беше претекнат од Серхио Перез и Луис Хамилтон и заврши на четвртото место.

Биното тврди дека Ферари биле загрижени дека ќе загубат премногу време со ве влегувања во боксот, и дека решиле да одат со Саинс.

„Двата болиди, според нас, беа преблиску да влезат во боксот одеднаш, така што моравме да направиме одлука. Ние бевме единствени со два болиди во добра позиција, а другите тимови имаа по еден и за нив одлуката беше полесна. Немаше доволно разлика да ги внесеме двајцата, бидејќи вториот ќе загубеше премногу време. Бидејќи гумите на Шарл беа посвежи од тие на Карлос, за шест или седум круга, решивме да сопреме со Карлос, кој исто така ќе можеше да не штити во првите неколку кривини“, вели Биното.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра

Шарл Леклер до пол – позиција на Монца

Чешката полиција со луксузно Ферари ќе гони криминалци

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Франција

Епл ТВ-плус најавува тркачка серија на Стивен Најт

Ферстапен стравувал дека Ферари се пребрзи

А1он