Чешката полиција со луксузно Ферари ќе гони криминалци

Од:

Автомобил Ферари, конфискуван од криминалци во Чешка, чешката полиција ќе го користи за да ги гони најагресивните прекршители на чешките закони, јави ДПА.

Сребрениот „Ферари 458 Италија“ кој чини 200.000 евра може да развие брзина од 325 километри на час. Така, тој е погоден, на пример, за бркање на крадци на автомобили кои се обидуваат да преминат од Чешка во некоја од соседните земји, јави ДПА.

За преправки на автомобилот одземен од криминалци во полициски автомобил биле потрошени 14.000 евра, јавија локалните медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра

Шарл Леклер ќе стартува од пол-позицијата во Франција

Епл ТВ-плус најавува тркачка серија на Стивен Најт

Ферари ја брани стратегијата, Леклер останува разочаран

Ферстапен стравувал дека Ферари се пребрзи

А1он

Ферари му го подари победничкиот болид на својот возач Леклер

Жарко Настоски