Ферари му го подари победничкиот болид на својот возач Леклер

Од:

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, од денеска е сопственик на нов автомобил, истиот со кој во 2019 година ги постигна своите единствени две победи во трките во рамки на Светското првенство во Формула 1.

Тој ја сподели веста преку својот Инстаграм профил, објавувајќи фотографија од болидот.

-Нешто посебно само што пристигна дома, напиша 23-годишниот жител на Монте Карло, покрај фотографијата од болидот SF90 на Ферари со кој триумфираше на трките за Големата награда на Белгија и Големата награда на Италија на патеката во Монца.

Од Ферари на Твитер му одговорија на Леклерк со порака „се надеваме дека уживаш“.

Леклерк двете победи ги забележа во својата дебитантска сезона во тимот на Ферари.

Би можело да ве интересира

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Инфлуенсер запали ферари од 370.000 евра

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин