Ферер – вториот финалист во Париз

Од:

Шпанскиот тенисер Давид Ферер е вториот финалист на Мастерс турнирот во Париз, откако во полуфиналето го победи Микел Љодра со резултат 7:5, 6:3.

Ферер во финалето ќе игра против Полјакот Јиржи Јановиќ, кој на патот до финалето ги победи Колшрајбер, Чилиќ, Мареј, Типсаревиќ и во полуфиналето забележа победа над домаќинот Жил Симон.

Ферер три пати играше во финалето на Мастерс турнирите и сите три пати е поразен, додека за Јановиќ ова ќе биде прво Мастерс финале во кариерата.

Финалниот меч ќе се одигра во недела, кој и да победи, за него тоа ќе биде прва титула од Мастерс турнирите во кариерата.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари