Федерер во финалето на Мастерсот во Рим против Ѓоковиќ

Од:

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер успеа да се пласира во финалето на Мастерс турнирот во Рим откако синоќа во полуфиналето го победи сонародникот Стан Вавринка со 2:0 во сетови.

Првиот сет Федерер го доби со 6:4 во гемови, а во вториот сет беше 6:2 и притоа публиката беше незадоволна бидејќи Вавринка не прикажа поголем отпор.

Во финалето Федерер ќе игра против Новак Ѓоковиќ. Ова ќе биде нивни 39-ти меч, при што Федерер води со 20-18 во победи. Ѓоковиќ има три турнирски победи во Рим, додека Федерер ќе го игра своето четврто финале и нема триумф на овој турнир.

Ѓоковиќ во полуфиналето го победи Давид Ферер со 2:0 во сетови.

Во женското полуфинале ќе играат Марија Шарапова и Карла Суарез Наваро.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари