Федерер: Уште е рано за пензија!

Од:

Швајцарецот Рожер Федерер порачува дека се уште не планира да ја заврши својата фантастична спортска кариера и да замине во пензија.

„Се уште е рано за заминување во пензија. Сакам да играм уште неколку сезони. Го сакам притисокот на играње во дуелите против младите тенисери, јас морам да тренирам повеќе од нив за да останам на врвот. Среќен сум што и понатаму сум инспирација за многу млади спортисти. Тоа заедно секако со моето семејство е она што ме тера да одам напред“, изјави Федерер.

Подготвувајќи се за освојување на нова титула од Гренд слемот Австралија опен, тенискиот маестро во изјавата за медиумите истакна дека „Сите ми зборуваат дека мојата кариера е пред самиот крај, дека стигнав до ѕидот. Но јас се уште немам 89 години. Не одиграв ниту еден турнир во 2013, бидејќи сметам дека тренингот е многу значаен за она што ме очекува во продолжението од годината“.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ