Федерер сепак ќе игра во Шангај

Од:

Првиот тенисер на светот Роџер Федерер потврди дека ќе учествува на Мастерсот во Шангај, кој е на програмата од 7. до 14. октомври.

Во претходните години, Швајцарецот го пропушташе и иако се мислеше дека и оваа година нема да одигра ниту еден турнир на азискиот континент, тој ги извести организаторите дека ќе игра.

„Ќе биде фантастично да се вратам во Шангај на Мастерсот. Многу го сакам тој град и навивачите таму. Имав голем успех на тој турнир и се надевам дека и оваа година ќе биде возбудливо“, изјави Федерер.

Федерер до сега шест пати учествуваше на турнирот во Шангај, а последниот пат беше поразен во финалето од Британецот Енди Мареј.

По паузата, минатата година, кога го пропушти турнирот поради повреда, во Шангај се враќа и Новак Ѓоковиќ, а одлични натпревари гарантира и олимпискиот шампион од оваа година, Енди Мареј.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари