Федерер: Не можам да играм на мали терени

Од:

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер изјави дека се уште не размислува да се повлече од активно играње тенис, а главниот мотив за продолжување на кариерата се настапите на големите турнири.

– Главната мотивација да продолжам со „профи“ играњето  произлегува од фактот дека големи турнири се играат на најголемите стадиони. Дефинитивно имам среќа што главно играм на Централниот терен и многу често во ударните термини, изјави Федерер.

Швајцарецот додаде дека во случај тоа да не било така продолжувањето на кариерата би било под знак прашалник.

– Морам да кажам, а тоа е навистина искрено, не знам ќе играв понатаму ако ме ставеа на Теренот 4 секој ден. Тоа би било  тешко за мене, бидејќи јас сум играл во толку многу неверојатни и брилијантни терени ширум светот, а сега да играм пред само мал број на луѓе. Тоа би било многу тешко, истакнува вториот светски тениски рекет.

Федерер новата сезона ќе ја почне на 4 јануари со учество на турнирот во Бризбејн, Австралија.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ