Федерер го уценува родниот Базел

Од:

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роџер Федерер повторно потврди дека неговите човечки квалитети заостануваат многу зад тениските.

Овој пат тоа го истакнаа луѓето од неговиот роден град Базел, каде што од организаторите на АТП турнирот барал дури 2 милиони евра за да дојде следната година.

„На теренот е како да е од друга планета, но надвор од него изгледа повеќе од нормално, несовршен и обичен човек“, напиша „Tages Ajncager”.

Федерер со години бара и добива од турнирот во Базел пола милион евра само за неговото присуство, но сега претера.

„Ние не сме Катар. Ќе направиме се што можеме Роџер повторно да игра во Базел, но и тоа си има граници. Не може секој да има Ролс Ројс“, изјави претседателот на Швајцарската федерација, Рене Штамбах.

Федерер возврати со аргументите дека тој губи пари на турнирот во родниот град, кој пак заработува на него.

„Да се во прашање само парите, јас ќе играв на турнирите во Азија, каде поради Базел, не одам. Секогаш му давав приоритет, секогаш многу му помагав“, рече Роџер.

Во Базел се свесни дека без Федерер нема полни трибини, кога тој ќе престане да игра, одржувањето на турнирот ќе биде под знак прашање, исто како и женскиот турнир во Цирих, кој згасна поради повлекувањето на Мартина Хингис.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари