Фаворитите без проблеми во 3. коло на US Open

Од:

Мечевите во двете конкуренции од 2. коло на Отворенто пренство на САД во тенис синоќа минаа без изненадувања за носителите. Рафаел Надал на Рожерио Силва му препушти само три гема добивајќи го мечот со 3:0 во сетови.

Рожер Федерер го елиминира Карлос Берлок, откако противникот освои шест гема. Убедлив беше и Милош Раониќ против Пабло Андухар со максимални 3:0 во сетови. Победи од 3:1 во сетови постигнаа Џон Изнер во мечот со Гаел Монфис и Давид Ферер против Роберто Агут.

Кај жените Серена Вилијамс ја надигра Галина Воскабоева со 2:0 во сетови. Идентични победи од 6:2 и 6:1 по сетови постигнаа Каролине Возниачки против Шанел Шиперс и Ана Ивановиќ против Александра Дулгери.

Единствено од носителките елиминирана е Сара Ерани (4, носител), која загуби од сонародничката Италијанката Флавија Панета со 6:3 и 6:1 во сетови.Според програмата денеска ќе се комплетираат мечевите од 2. коло, а ќе стартуваат и дуели од 3. коло.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари