Европска недела на спортот во општина Бутел

Од:

Во спортската сала „Иван Хаџи Николов“ во Радишани, општина Бутел, беше отворена европската недела на спортот. Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави учениците спортисти од двете одбојкарски екипи од ОУ „Ацо Шопов“ со што отпочнаа активностите по повод европската неделa на спортот.

Како што соопштија денеска од општина Бутел, станува збор за заеднички проект на Агенцијата за млади и спорт и општина Бутел со кој треба да се реализира, промовира, организира и воспостави мрежа на контакти за заеднички активности, кои ќе обезбедат ефикасно спроведување на зацртаните активности поврзани со проектот „Европска недела на спортот“, дефиниран од Еразмус + Програмата при Европската Комисија.

Во текот на вчерашниот ден фудбалски натпревар се одржа и во ОУ „Св. Климент Охридски“. Спортските активности на двата пријателски натпревари се одржаа под мотото „За љубов кон играта“.

Во рамките на Европската недела на спортот ќе биде вклучена и градинката „11 Октомври“ преку темата „Зошто спортот е важен за мини спортистите?“ и ОУ „Живко Брајковски“ на темата „Дај се од себе“ кога ќе се одржат два натпревари во мал фудбал и во машка и во женска конкуренцијa.

Би можело да ве интересира

За смртта на пешакот во Бутел ќе одговараат и двајцата возачи – заобиколил возило, минал на црвено, возеле брзо

Мемет Камбер после 22 дена ќе биде достојно погребан на гробиштата во Бутел

Орце Костов

Посебен режим на сообраќај утре и в сабота околу гробиштата во Бутел, во Ѓорче Петов и во Камник

Грабежот во обложувалница е во Бутел – со вперено оружје го одзеле прометот

А1он

Костовски: Арсовска се чуди како сум можел да бидам против нејзе, нека не се чуди, јас секогаш ќе бидам на страната на народот

Ана Ололовска

Арсовска: Ги отфрлам лагите кои ги изнесе градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски

Ана Ололовска