За првпат од март годинава селекторот на Шпанија, Луис Енрике повика фудбалер од Реал Мадрид, вклучувајќи го во националниот тим Дани Карвахал.
Членот на Реал пропушти поголем дел до сезоната, запишувајќи само 15 настапи за Кралскиот клуб, а сега е повикан во репрезентацијата за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Мундијалот 2022 против Грција и Шведска.
Енрике во последните три репрезентативни циклуси, вклучувајќи го и ЕУРТО2020, не повика ниту еден фудбалер од Реал Мадрид.
Шпанија е второпласирана во својата квалификациска група, два бода зад лидерот Шпанија, и неопходни и се две победи за пласман на завршниот турнир догодина во Катар.