Енди Мареј наскоро пред олтар!

Од:

Британскиот тенисер Енди Мареј, во моментов четвртиот играч на листата АТП, наскоро ќе се најде пред олтарот заедно со својата девојка Ким Сирс, со која е во долгогодишна врска.

Британските медиуми за нивната венчавка пишуваат дека тоа ќе се случи неделава, а за свадбената церемонија по „Вимблдон“ следната година.

Мареј и Сирс се заедно од 2006 година. Иако таа сакаше свадба и венчавка многу порано, сепак тенисерот постојано ја одбиваше таквата можност велејќи дека мора да се концентрира на својата кариера. Но,изгледа Мареј конечно попушти.

„Нивната врска отсекогаш била далеку од јавноста, сепак датумот на венчавката не можеа да го сокријат. Свадбата ќе биде од затворен карактер, бидејќи тие се такви луѓе“, изјави изворот за англискиот печат.

Би можело да ве интересира

Финалистката на Вимблдон суспендирана поради допинг

Предраг Петровиќ

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари