Емотивна разделба на Кака со навивачите на Орландо

Од:

Поранешниот најдобар светски фудбалер, Бразилецот Кака ноќеска го одигра последниот натпревар за екипата на Орландо Сити на домашен терен. Тој по три години си заминува од МЛС лигашот, а неговото обраќање до домашните навивачи беше емотивно со солзи во неговите очи.

– Ова е посебен ден за мене исполнет со многу емоции. Се заблагодарувам ма клубот, соиграчите, а вие навивачите многу ќе ми недостасувате. Секогаш ќе се потсетувам на убавите моменти поминати изминатите три години во Орландо. Да се биде дел од сето ова за мене беше неверојатна авантура, порача Кака по дуелот со Колубос (0:1).

35-годишниот Кака во својата кариера настапуваше уште за Сао Паоло, Милан и Реал Мадрид.

И покрај најавите дека бразилскиот играч од средниот ред во Орландо ќе ја заврши професионалната кариера, тој на своето збогување од американскиот клуб не соопшти такво нешто, па се појавија шпекулации дека Кака ќе одигра барем уште една сезона во својот матичен клуб бразилскиот Сао Паоло.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ