ЕХФ одбра: Штербик, Дибиров, Чупиќ и Циндриќ меѓу највпечатливите сезонава

Од:

Европската ракометна федерација по завршување на сезоната ги сумира резултатите и ги одбира најдобрите моменти. Меѓу највпечатливите моменти се и 30-те најдобри голови и 30-те најдобри одбрани. Сезонава се постигнаа 11.083 гола во ЕХФ Лигата на шампионите.

Од ракометарите што настапуваат за македонските екипи двата гола на Лука Циндриќ и на Иван Чупиќ на Ф4 турнирот во Келн влегоа во потесниот избор. Прво Циндриќ во полуфиналето во последните секунди го постигна победничкиот гол за Вардар против Барселона, а на сличен начин во финалето против ПСЖ реализираше и Иван Чупиќ, гол што ни ја донесе европската титула.

Во изборот на најдобрите 30 голови на сезонава се најде и голот на Тимур Дибиров во четвртфиналето со Флензбург.

Избор имаше и на највпечатливите 30 одбрани на голманите сезонава, а таму се најде Арпад Штербик, и тоа со парада во финалето на Ф4 турнирот против ПСЖ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ