Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

Од:

Македонската машка ракометна репрезентација ја совлада Грција вечерва во Скопје со 33-30, во првиот од двата контролни натпревари меѓу двете селекции кои се подготвуваат за настап на претстојното Европско првенство во Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров со серија од 6-1 во финишот на првото полувреме заминаа на пауза со предност од три голови (18-15).

Продолжението на натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ донесе многу поквалитетна игра на македонските ракометари, кои во 44 минута имаа највисока предност од плус седум голови разлика (26-19).

Најефикасен во редовите на „црвено – жолтите“ беше Милан Лазаревски со осум голови, додека Никола Митревски на голот запиша осум интервенции.

Вториот дуел меѓу македонската и грчката репрезентација кој ќе се одигра утре, исто така, во Скопје ќе биде затворен за јавноста.

Македонската репрезентација в понеделник ќе отпатува за Германија, а на 10-ти овој месец против Франција во Дизелдорф официјално ќе го отвори Европското првенство.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 12 јануари во Берлин ќе игра против домаќинот Германија, а два дена подоцна ќе го заокружи настапот во групата А против Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност