На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Од:

Легендарниот ракометар на Рајн Некар Левен и Германија, Уве Генсхајмер реши дека е доста играње и време е за – фотелјата!

Една голема кариера заврши, т.е. ќе биде готово кога ќе заврши оваа сезона! Легендарниот Уве Генсхајмер одржа прес-конференција на која објави дека ќе се повлече од терените на крајот од сезоната 2023/24, но не и од ракометот. Неговиот Рајн Некар Левен нема да го напушти.

Клубот во кој порасна и за кој настапуваше од 2003 година до денес, со исклучок на три сезони минати во Пари Сен Жермен, ќе го задржи на функцијата спортски директор. Така, 37-годишниот Генсхајмер ќе продолжи да биде клучниот човек на клубот кој го создаде.

“Левен е мојот клуб. Ова не е само моја спортска куќа, туку најдов многу пријатели кои ќе ме следат до крајот на мојот живот. Сега се отвори можноста да направам чекор напред во нешто ново, тоа значи многу за мене и гордо ќе го прифатам“, рече Генсхајмер.

Малкумина беа подобри на левото крило во историјата на ракометот, а сигурно немаше поатрактивен никој од него. Еден од најпопуларните ракометари беше обожуван за неговите одлични потези, но за жал повредите многупати го одвојуваа од теренот, па тој ни сега не игра и чека барем еднаш сезонава да излезе на теренот по повредата на коленото кое му настрада минатата сезона.

За германската репрезентација играше од 2005 година, кога дебитираше на мечот со Словенија, до 2021 година, а капитен беше во последните седум години од настапите за „пантерите“. Со националниот тим ја освои бронзата на Олимписките игри 2016, со Левен го освои Купот на ЕХФ во 2013 година, титулата во Бундеслигата во 2015/16 година и Купот на Германија минатата година. Со Пари Сен Жермен има три титули, три Лига купови и еден Куп на Франција. Отиде во Пари Сен Жермен за да ја додаде во својата колекција и Лигата на шампионите, но како што е случајот со фудбалот и во ракометот, париските супертимови не ја освоија.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ