РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Од:

Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои безрезервно дадоа поддршка на машката македонска сениорска репрезентација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, за победата против селекцијата на Фарски Острови, дополнително благодарност и до сите останати кои го следеа натпреварот и ги бодреа нашите ракометари пред малите екрани.

„Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како приоритет број еден ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и во женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество на следните завршни турнири на континентално и на мундијално ниво:

1. Женска сениорска репрезентација – ЕП 2024 (Австрија, Унгарија, Швајцарија) 28.11.2024-15.12.2024
2. Машка сениорска ракометна репрезентација – СП 2025 (Хрватска, Данска, Норвешка) 14.01.2025 – 02.02.2025
3. Женска младинска ракометна репрезентација – СП 2024 (Македонија) 19.06.2024-30.06.2024
4. Машка младинска ракометна репрезентација – ЕП 2024 (Словенија) 10.07.2024- 21.07.2024
5. Машка кадетска ракометна репрезентација – ЕП 2024 (Црна Гора) 07.08.2024- 18.08.2024

Честитки до сите ракометари и ракометарки, и до членовите на стручните штабови на сите македонски ракометни селекции! Вие сте наша гордост!!! Со почит. Ракометна Федерација на Македонија“, стои во објавата на РФМ.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ