ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Од:

Поранешниот ракометар на Сараево Босна Фахрудин Мелиќ се најде во центарот на вниманието откако се обиде физички да се пресмета со навивачите на трибините.

Актуелниот член на Нексе од Нашице предизвика скандал на натпреварот од Европската лига против шведскиот Савехов откако неговиот тим беше поразен со резултат 34:28.

Овој 39-годишен крилен ракометар, роден во Пријепоље, со публиката во предградието на Гетеборг, има нерасчистени сметки од претходно, откако пред две сезони имаше инцидент во арената Партил.

Искусниот црногорски ракометар по натпреварот бил многу нервозен, а кога слушнал дека навивачката група „Камиказе“ на Савехоф го прозива, налетал на трибината и сакал да се пресмета со нив.

За среќа, соиграчите го смирија и беше избегнат посериозен инцидент.

Мелиќ настапуваше за репрезентацијата на Црна Гора, иако сакаше да игра за Босна и Херцеговина. Но, тогашните челници на Ракометниот сојуз на БиХ не реагирале навреме, па тој ја прифатил поканата на Црна Гора.

Мелиќ во Босна и Херцеговина играше за Босна, Зрињски и Борац, а интернационалната кариера ја изгради во Горење, ПСЖ, Шамбери, а во Нексе е веќе три сезони.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ