Џереми Кларксон предизвика „идеолошка“ полемика во британската јавност

Од:

Доскорешниот водител на популарната телевизиска програма за автомобилизам „Топ Геар“ Џереми Кларксон, кој вчера доби отказ од управата на Би-Би-Си ,затоа што го натепал продуцентот на емисијата, предизвика „идеолошка“ полемика во британските медими.

Весниците се согласуваат дека Кларксон овој пат „претерал“ но дел од нив, сепак, сметаат оти Би-Би-Си „премногу го издраматизирал“ целиот случај. Според критичарите на како што се вели – „избрзаната и престрога“ казна за популарниот водител, инцидентот во хотелот во Јоркшир воопшто не бил „ѕверски напад“ туку „момент на збеснување“ од страна на Кларксон.

Конечно, велат оние кои ја бранат доскорешната ѕвезда на „Топ Геар“ ударот во лицето на продуцентот, сепак,е нешто што обично се гледа „барем 20 пати“ на рагби мечевите низ Британија.

Ваквите описи на настанот, го повлекоа тиражниот „Сан“ да му даде идеолошка карактеристика на целиот случај, а посебно на одлуката на управата на Би-Би-Си.

„Од левичарското раководство на Би-Би-Си ваквата одлука (отказот за Кларксон) можеше и да се очекува„-напиша „Сан„.

Проконзервативнот „Дејли Телеграф“ отиде чекор понатаму, па забележа дека со заминувањето на Кларксон од Би-Би-Си заминал и „последниот“ десно опеределен водител-новинар.

Секогаш (идеолошки) непристарсниот „Фајненшл Тајмс“ ваквата расправа ја надополни, шеговито опишувајќи го „можниот нов состав“ на водители на “Топ Геар„ составен од познати, но непопуларни, пролевичарски и пролиберални колумнисти, кои секогаш внимаваат како се однесуваат и како зборуваат, нешто незамисливо за Кларксон чиј речник и начин на комуникација, неретко биле повод за реагирања и осуди.

Но ваквата забелешка на „Фајненшл Тајмс“ може да се сфати и како уште едно несогласување со потегот на Би-Би-Си, кого британските ториевци од секогаш ја прикажуваат како „левичарско-либерално„ определена, јавна медиумска компанија, која „не ги сака конзервативците“.

Кларксон не криеше дека е симпатизер на Конзервативната партија, како и дека е пријател со премиерот Дејвид Камерон, а еднаш веќе има направено „политички инцидент“ кога јавно го навреди поранешниот премиер Гордон Браун.

Зборувајќи во едно интервју за британскаата економија, тој рече дека нему му е сосема јасно зашто е Британија во криза- кога земјата ја води „еден слепец“ невкусно алудирајќи на Браун кој од младоста, поради тешка повреда играјќи рагби, гледа само со едното око.

Во идеолошката расправа за сегашниот случај, се вклучи и пролабуристичкиот „Дејли Мирор“ кој му префрли на Кларксон дека со своите 54 години се однесува како дете, порачувајќи му да престане да се самосожалува и да се прикажува како жртва.

Сите медиуми пишуваат дека полицијата одлучила да го испрашува Кларксон, затоа што го „претепал“ продуцентт на емиисјата кој заврши во болница, но и за тоа дека освен него, најверојатно, и другите двајца водители-Џејмс Меј и Ричард Хамонд ќе го напушат Би-Би-Си и водителството на „Топ Геар“.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски