Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Од:

Меѓународниот кривичен суд во Хаг издаде налози за апсење на Владимир Путин. Хашкиот суд издаде налог за апсење на рускиот претседател поради сомнение дека е одговорен за нелегална депортација на деца и илегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Покрај Путин, Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде и налог за апсење на неговата комесарка за правата на децата, Марија Алексеевна Лвова-Белова, под истите обвиненија за нелегална депортација на украински деца.

Судиите на претходна постапка на МКС оценија дека постојат „оправдани причини да се верува дека и двајцата осомничени сносат одговорност за военото злосторство илегална депортација на населението и незаконско префрлање на населението од окупираните територии на Украина во Руската Федерација, на штета на украинските деца“.

Судиите размислуваа за издавање тајни налози за апсење, но заклучија дека нивното објавување може да „придонесе за спречување на понатамошни злосторства“.

Москва постојано негираше дека руските сили вршат злосторства во Украина.

Ројтерс оваа недела објави дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) се очекува да издаде налог за апсење на Путин, за прв пат како дел од истрагата за војната во Украина.

Руската присилна депортација на украински деца на територијата под нејзина контрола е воено злосторство, изјавија вчера истражителите на ОН.

Истражната комисија на ОН за Украина објави дека постојат докази за нелегално префрлање на стотици украински деца во Русија.

Според украинската влада, бројот на насилно однесени деца во Русија е 16.221.

„Русија воведе политики како што се доделување руско државјанство и сместување на деца во згрижувачки семејства за да се создаде рамка во која некои деца би можеле трајно да останат во Русија“, се вели во извештајот.

„Хјуман рајтс воч“ го документира присилното пренесување на децата од Русија од украинските установи за згрижување деца, за што тие пријавија пред неколку дена. Според нивните податоци, само од такви институции илјадници деца биле однесени во Русија или во областите контролирани од руските сили.

Во септември, Обединетите нации дебатираа за наводите дека руските сили испратиле украински деца во Русија на посвојување како дел од пошироката програма за принудно преселување и депортација.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив