Џереми Кларксон доби отказ од Би-Би-Си

Од:

Водителот на „Топ Геар“ една од најпопуларните телевизиски програми во Велика Британија и низ светот Џереми Кларксон доби отказ од Би-Би-Си и тој повеќе нема да се враќа во програмата.

Во соопштението на генералниот директор на Би-Би-СиТони Хол се вели дека донесена е одлука повеќе да не му се обновува договорот на Кларксон, објаснувајќи го тоа со „неиспровоцираниот физички напад“ на популарниот водител врз продуцентот на „Топ Геар“ Ојсин Тајмон.

– Ваквата одлука не беше лесно донесена и таа сигурно ќе предизвика поделени мислења, изјави првиот човек на Би-Би-Си Тони Хол.

Кларксон беше суспендиран од програмата на 10 март, а Би-Би-Си ги повлече од програмата последните три снимени епизоди на кои се појавува суспендираниот водител.

Суспензијата уследи по физичкиот напад врз Тајмон, што се случил во еден хотел во англиската област Јоркшир каде екипата работела. Кларксон го натепал продуцентот, удирајќи му тупаница во лицето, бесен што немало за него топла храна по целоденвното снимање и работа на отворено.

Продуцентот заврши во болница со неколку хирушки шавови на усните и лицето, но без други повреди.

Повеќе од еден милион потписи беа собрани на интеренет од симпатизерите на Кларксон низ Велика Британија за да се натера Би-Би-Си да го врати на работа.

Би можело да ве интересира

Светските медиуми испратија писмо до израелските власти, меѓу нив BBC, CNN, AFP

Во случајот со водителот на Би-Би-Си нема кривично дело, тврди лондонската полиција

Скандал во Би-Би-Си: Познат водител е манијак, го криеле неговото име додека не проговори неговата сопруга

Би-би-си го повлече Гери Линекер од програма поради твит против владата

Би-Би-Си за несреќата кај Киев: Летањето на мала височина помага да се избегнат ракети, но носи ризици и е исклучително стресно за пилотите

А1он

Би-Би-Си го осуди апсењето на својот новинар, кој известуваше за демонстрациите во Шангај

А1он