Два натпревари од 6. коло во кошаркарската Супер лига

Од:

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно Супер лигата, денеска ќе се одиграат два натпревари од 6.коло.

Во Кавадарци, екипата на Фени Индустри го пречекува шампионот МЗТ Скопје Аеродром кој во досегашниот тек од Супер лигата има максимални пет победи.

Ова практично е реприза на полуфиналето оа Купот на Македонија во кој кавадарчани го елиминираа тимот оа скопската населба Аеродром.

Овој натпревар ќе започне во терминот од 19 часот, како и средбата во Гевгелија, каде Кожув ќе го пречека составот на Куманово.

Во последниот меч од 6.коло, кој на програмата е утре од 18 часот во салата „Градски парк“, ќе играат Работнички и Карпош Соколи.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 10 бода, Карпош Соколи 9, Работнички 8, Кожув 6, Куманово 6, Фени Индустри 6.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ