Донарума: Најмногу се плашам од Роналдо

Од:

Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума одговори на голем број прашања поставени од навивачите преку Инстаграм.

– Мојот омилен фудбалер отсекогаш бил Кака. Мојата соба беше исполнета со негови постери, па дефинитивно Кака. Успеав лесно да се справам со напнатоста на моето деби со тоа што останав смирен. Јас секогаш го давам својот максимум. Најдоброто спасување што можам да го запомнам сега , е тоа на Дида против Ајакс во Лигата на шампионите. Со целосна почит кон двајца шампиони како Абиати и Роси, вели младиот Џиџи.

Тој потоа кажа од кого најмногу стравува на теренот.

– Сум се соочил против некои одлични напаѓачи, но најмногу се плашам од Кристијано Роналдо. Мојата голема цел е онаа што ја постави клубот на почетокот на сезоната. Што се однесува до личното ниво – секогаш да давам се од себе и се трудам да примам што е можно помалку голови. Најголемата емоција беше при освојувањето на италијанскиот Суперкуп. Тоа беше мојот прв трофеј, така што никогаш нема да го заборавам, додаде Донарума.

Би можело да ве интересира

Роналдо не е е задоволен во Саудиска Арабија-ќе се враќа во Португалија

Предраг Петровиќ

Словенецот кој го бакна Роналдо сред терен ќе мора да плати 1000 евра

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Роналдо нема мир во Љубљана: Навивач истрча на терен да направи селфи

Горан Наумовски

Навивач сакал да го удри Роналдо, реагирало обезбедувањето

Роналдо им се извини на Саудијците откако се фаќаше за меѓуножјето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Роналдо им одговори со вулгарен гест на Саудијците кои извикуваа „Меси, Меси“

Предраг Петровиќ