Добри вести за Тен Хаг: Марсијал се враќа за дербито со Ливерпул

Од:

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал, кој поради повреда ги пропушти првите два натпревари на „црвените ѓаволи“ во новата сезона, би можел да му биде на располагање на Ерик тен Хаг за дербито против Ливерпул во следната рунда. Викендов Французинот ги продолжи лесните тренинзи, а веќе доби зелено светло од медицинскиот персонал за зголемување на обемот на работа.

Тој може да трча спринт со полна брзина без да чувствува болка, а од среда ќе започне со тренинзи со останатите соиграчи. Ова значи дека Марсијал ќе има доволно време да се подготви бидејќи дербито со Ливерпул е следниот понеделник.

Вестите несомнено се добри за менаџерот на тимот Ерик тен Хаг, бидејќи Манчестер Јунајтед беше значително слаб на офанзивен план во првите два натпревари. „Црвените ѓаволи“ постигнаа само еден гол, што всушност беше автогол.

Формата на Кристијано Роналдо и Маркус Рашфорд воопшто не е добра, а Марсијал прикажа добри игри во текот на претсезоната.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Одлични вести за „милионерите“: Клоп се враќа во Борусија?

Предраг Петровиќ

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Ливерпул го освоија англискиот Лига куп

ВИДЕО: Огромен пожар во Ливерпул, се запали зграда која може да се урне

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски